Интерактивна мапа - одбери кат

Majestic - Охрид

Запознајте го Majestic, каде што модерниот дизајн и квалитетната изработка се спојуваат, создавајќи совршени услови за безпрекорно живеење.

Од темелите до завршните детали, секој аспект на Majestic е внимателно планиран запазувајќи ги сите сведски стандарди и користејќи само материјали со врвен квалитет.

Објектот се наоѓа на одлична локација, на улица Асном веднаш до Билјанините Извори во Охрид, изолиран од градскиот метеж, а сепак блиску до центарот на градот и езерото.

Majestic располага со 135 станови, обезбеден паркинг на две нивоа, партер и -1 ниво,  како и подрумски простории. Објектот има два влеза со по 5 ката и вкупна површина на основа од 1656 м2.

Становите се со различна големина и безпрекорно функционален рапоред, почнувајќи од 28 м2  па се до 96 м2. Во поглед на бројот на простории, објектот располага со повеќе типови на стнови како еднособни, двособни, трособни и четворособни.

Искусете го новиот стандард на комфорно живеење.

Добредојдовте во Majestic!

Maktek map Objekt Ohrid